Ракометарите поуспешни од „гаучосите“ за 13. место на Мундијалот

фото: ИХФ

Македонската ракометна репрезентација до 19 години со идентичен противник но и различен резултат ги започна и заврши настапите на Светското првенство кое се игра во Скопје. Во натпреварот за 13. позиција на Мундијалот, избраниците на  селекторот Данило Брестовац со 29:26 ја совладаа Аргентина и се одмаздија за поразот во првото коло.

Овој пат, младите ракометари не дозволија изненадување, беа доминантни на теренот, веднаш направија резултатска предност и дилемите околу победникот ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 15:8.

Во второто полувреме одиграа рутински, ја одржуваа предноста и не дозволија да се случи тоа што речиси на сите натпревари досега им се случување, пад во играта во второто полувреме.

На крајот славеа со 29:26 за трета победа на СП со која го освоија 13. Место.
Најпрецизен на натпреварот беше Кристијан Симоноски со постигнати девет голови, додекја Михајло Младеновиќ даде шест гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот