Ракометарите поразени од Кувајт на втората контрола

Ракометната репрезентација на Македонија е поразена на вториот контролен натпревар против Кувајт со 23:22 кој се играше во Србија.

Селекторот Данило Брестовац кој на овие натпревари настапи без стандардните репрезентативци, со исклучот на Митревски и Велко Марковски, шанса им укажа на помладите ракометари.

За разлика од првиот натпревар во кој Македонија постојано имаше убедлива предност, овој пат случувањата на теренот беа поинакви, се играше далеку поизрамнет ракомет. Првото полувреме му припадна на Кувајт со 13:14 кој со добрата игра продолжи и во второто полувреме кога во последните 10 минути дојде и до високи шест голови предност (16:22).

Сепак, избраниците на Брестовац успеаја да ја стабилизираат играта и во последните минути да дојдат со минимален пораз од 22:23.
Најдобар стрелец кај Македонија беше Танковски со четири постигнати голови, додека голманот Митревски имаше 12 одбрани.

Репрезентацијата подготовките пред настапот на Европското првенство ги продолжуваат во Романија, каде ќе настапат на турнирот “Трофеј Карпати“, а првиот противник е селекцијата на Алжир. Натпреварот ќе се одигра во сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот