Ракометарите по победата над Алжир ќе играат во финалето на „Трофеј Карпати“

фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација во неизвесен натпревар со 25:24 го совлада Алжир во полуфиналниот дуел на „Трофеј Карпати“.

Избраниците на селекторот Брестовац ја оправдаа довербата на овој натпревар, доминираа во првото полувреме кое им припадна на „црвено-жолтите“ со 15:9. Но, во отсуство на најискусните ракометари, на подготовките пред настапот на ЕП, постојано ни се случуваше пад во играта во второто полувреме.

Во последните 10 минути се влезе со минимална предност на Македонија (21:20) и успеаја да ја сочуваат победата благодарение на голманот Никола Митревски кој го одбрани ударот на ракометарите на Алжир во последните секунди од средбата.
Македонија во текот на целиот меч ја имаше резул

Марио Танковски беше најефикасен кај Македонија до осум постигнати гола, додека Поповски даде четири.
Утре во финалето на „Трофеј Карпати“, Македонија од 17.15 часот ќе игра против победникот од дуелот Романија – Холандија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот