Ракометарите негативни на ковид-19, од затворен тип мечевите против Израел

Ковид-проблеми во македонската ракометна репрезентација непосредно пред стартот на ЕП 2022/Фото: macedoniahandball.com.mk

Во рамки на претстојното Европско Првенство во Унгарија и Словачка, македонската сениорска репрезентација со вчерашниот собир во Хотел „Александар Палас“ – Скопје го започна вториот дел од подготовките.

Македонската репрезентација ќе ги одработи последните тренинзи во Скопје пред заминување за унгарскиот Дебрецин, а во истиот период (3 и 4 јануари) ќе се одиграат и контролните натпревари со селекцијата на Израел кои ќе бидат од затворен тип.

Согласно протоколите за учество одредени од Европската Ракометна Федерација, сите ракометари во репрезентативниот табор се имунизирани против вирусот ковид-19, а во текот на подготовките беа извршени превентивни ковид тестирања и истите беа негативни, информираат од Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Протоколот од ЕХФ за учество на ЕП 2022 предвидува ковид тестирања на учесниците на 4, 7 и 10 јануари, а ракометните репрезентативци заминуваат за Дебрецин на 11 јануари. Првиот натпревар е против селекцијата на Словенија на 13 јануари со почеток од 18.00 часот.

Европската ракометна федерација ги објави протоколите за навивачите кои ќе сакаат да присуствуваат на континенталниот собир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот