Ракометарите наместо два, на само еден бараж од Светското првенство

фото: твитер

Македонската ракометна репрезентација ќе игра само бараж за пласман на Светското првенство идната година, наместо претходно најавените два баражи.

Европската ракометна федерација денеска го објави системот на натпреварување кое европските репрезентации ќе ги однесе на ракометниот Мундијал кој идниот јануари ќе се одржи во Египет.

Според пропозициите, четирите најслабопласирани репрезентации на ЕП 2020, Летонија, БиХ, Русија и Полска, ќе се натпреваруваат во првата рунда баражи со репрезентациите кои обезбедија учество преку претквалификации, Литванија, Романија, Турција и Израел.

Победниците од овие четири баражи потоа ќе се приклучат на останатите селекции кои нема да обезбедат пласман на СП 2021 преку овој европски шампионат, а меѓу ние е и Македонија, ќе се најдат во ждребот за вторите бараж пресметки, од кои победниците ќе осигураат мундијалска виза. Вторите баражи ќе се играат на 5-7 јуни и 9-11 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот