Ракометарите на Вардар не патуваат во Париз, ќе се бара трет термин за дуелот со ПСЖ

Фото: rkvardar.mk

Екипата на Вардар по втор пат го одложи натпреварот со ПСЖ во рамките на Лигата на шампионите и по втор пат поради позитивни случаи на коронавирус во редовите на македонскиот тим.

По враќањето од Полска каде Вардар во средата играше против Килеце, беше направено тест на коронавирус кај сите ракометари и резултатот е четири позитивни случаи поради што „црвените-црните“ ги известија ЕХФ, Киелце и ПСЖ за позитивните случаи поради што ќе мора да се бара трет термин за одигрување на натпреварот во Париз против ПСЖ. Според календарот во ЛШ, натпреварот требаше да се игра кон крајот на октомври но тогаш поради позитивни случаи на коронавирус во Вардар, натпреварот беше презакажан за 1. декември.

„Планираното гостување во Париз кај ПСЖ од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите нема да се реализира. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи. Првично мечот требаше да се игра на крајот на октомври, но тогаш беше откажан.

По враќањето од Кјелце, Полска каде Вардар 1961 во средата го одигра својот меч од ЕХФ лигата на шампионите, еден наш ракометар се пожали на зголемена телесна температура. Истиот беше тестиран по што беше утврдено дека има позитивен тест.

Веднаш беше тестирана целата експедиција што беше во Полска и позитивни тестови имаа уште неколку наши членови. Според протоколите сите ќе бидат во изолација како што е прошишано од здравствените власти.

Со оглед на фактот што здравјето на спортистите е најважно за резултатите од тестирањето ги информиравме ЕХФ и клубовите со кои сме играле. Вардар1961 и Кјелце одиграа два натпревари меѓусебе во изминатиот период. Прво на 19 ноември во Скопје, а потоа на 25 ноември во Полска.

Планирано беше во следниот период Вардар 1961 во следниот период да одигра три натпревари, два на гости против ПСЖ и Порто, и потоа на 10 декември со ПСЖ дома“, објави РК Вардар на официјалната интернет страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот