Ракометарите на Вардар и стручниот штаб негативни на Ковид-19

Како што информираат од клубот, РК Вардар 1961 в сабота (18 јули 2020 година) ги почнува подготовките за новата сезона.

До повторното отворање на салата „Јане Сандански“, актуелниот европски ракометен шампион ќе тренира на фудбалското игралиште кое е веднаш до спортскиор центар.

Тешка задача за Вардар во ЛШ: Црвено-црните ќе играат против „своите“ Гонзалез, Криштопанс, Карачиќ, Скубе, Душебајев…

Воедно клубот информира дека денеска (17 јули) целиот тим што се наоѓа во главниот град и стручниот штаб беа тестирани за Ковид-19 и сите резултати се негативни.

Првиот тренинг ќе се одржи според одредени правила, па така медиумите нема да бидат во можност за земање на поединечни, ниту групни изјави од играчите и членови на стручниот штаб, ниту пред, ниту по завршувањето на тренингот. Клубот замолува за воздржување од контакти со играчите и со стручниот штаб.

Прочитајте и...  Шоу на Кејн и Бејл за нов триумф на Тотенхем

Единствено тренерот на „црвено-црните“, Стевче Алушовски ќе даде изјава за медиумите во 17.45 часот пред салата во СЦ „Јане Сандански“. Новинарите ќе мора да ја запазуваат препорачаната дистанца и да носат заштитна маска.

Воедно нема да биде дозволено влегување на ТВ камери и фотографи на теренот каде ќе се одржува тренингот и се замолуваат сите потребни кадри да се направат надвор од теренот.

Поврзани вести

ВИДЕО: Триумф на Наполи, десетина минути за Елмас

Слободен печат

Шоу на Кејн и Бејл за нов триумф на Тотенхем

Слободен печат

Барселона има нов претседател, Меси останува на „Камп Ноу“?

Слободен печат

Милинковиќ-Савиќ на лето од Лацио се сели во Јувентус?

Слободен печат

Коронавирус пред ол-стар натпреварот, двајца кошаркари го откажаа настапот

Слободен печат

Познат распоредот за третиот дел од сезоната во ПМФЛ: Вардар во првите две кола против Шкупи и Шкендија

Слободен печат

Остави Коментар