Ракометарите на одмор, Е. Пелистер почнува со подготовки на осми јануари

фото: РК Е. Пелистер

Со завршувањето на натпреварот од првото коло на групата А на СЕХА лигата против Металопластика во понеделникот, завршија активностите на Еурофарм Пелистер за есенската полусезона. Сите ракометари се на одмор, со исклучок на оние кои ќе бидат дел од националните репрезентации.

Клубот известува дека со подготовки за вториот дел од сезоната, екипата ќе започне на осми јануари во Битола. По Божиќните празници Бабиќ ќе прозива во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола, каде ракометарите ќе тренираат неполни две недели.

Централната фаза на подготовки е предвидена од 20 до 30 јануари 2021 година, а веројатно база на екипата ќе биде Хрватска. Клубот предвидува одигрување на неколку контролни натпревари, за кои дополнително ќе информира.

Првиот натпревар во новата сезона предвиден е за шести февруари, кога во рамките од второто коло на СЕХА Гаспром лигата, Еурофарм Пелистер ќе гостува кај ППД Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот