Ракометарите на Металург со негативни тестови на коронавирус

фото: facebook.com/rkmetalurgofficial

Играчите на Зоран Кастратовиќ се подготвуваат за настапот на традиционалниот Струшки турнир…

Металург вчера ги тестираше своите ракометари на коронавирус и сите тестови се негативни.

Со тоа е исполнет и последниот услов за наш настап на 48 издание на турнирот во Струга, кој од утре, па до недела ќе се игра на теренот кај „Женската“ плажа.

Играчите на тимот од Автокоманда е во Струга и се сместени во хотелот „Дрим“. Уште на првиот ден од струшкиот турнир ракометарите на Зоран Кастратовиќ ќе имаат силна контролка против Еурофарм Пелистер.

Од строгите мерки и протоколи за издвојување е забраната за користење на соблекувалните и дезинфицирање на теренот после секој натпревар.

Олеснување за организаторите е играњето на отворено игралишите „Горан Попоски-Бабец“ и одлуката на дел од клубовите да патуваат во Струга за играње на мечеви, без спиење во сместувачките капацитети.

Во продолжение погледнете го целосниот распоред на натпреварите на турнирот во Струга:

фото: facebook.com/ihtstruga/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот