Ракометарите на Металург со автобус ќе патуваат за Шпанија

фото: РК Металург

Лошите авио-конекции и неможноста на екипата комплетна да патува во еден авион за Шпанија ги сменија плановите на Металург.

Металург самиот, но и со помош на ЕХФ, бараше комбинации со авион да оди во Шпанија, но на крајот како единствена варијанта остана екипата да патува поделена во два дела, со тоа што едниот дел ќе патуваше од Белград, а другиот од Софија.

Бидејќи, поради корона-кризата, секоја земја има свои протоколи, Металург реши да не ризикува и вечерва ќе тргне со автобус за Шпанија. Патот долг околу 3.000 километри, екипата ќе го мине за околу 40 часа.

Утринава Металург уште еднаш ќе ги тестира сите свои ракометари и навечер, со готовите тестови, ќе тргне на пат. Средбата со Адемар Леон ќе се одигра во вторник, со почеток во 20.45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот