Ракометарите на Еурофарм Пелистер во мисија: „Стави појас“ за бесплатен билет (ФОТО)

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер активно се вклучи во кампањата на РСБСП за подигање на свеста за поголема употреба на сигурносниот појас од страна на возачите и патниците и совесните учесници во сообраќајот ги награди со билети за вечерашниот натпревар против Нексе.

Ракометната еуфорија која деновиве ја зафати Битола во очекување на натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе имаше своја „епизода“ и на битолските улици. На општо изненадување на битолчани, вчера во Битола од страна на РСБСП, МВР и Црвениот крст-Битола а со поддршка на РК Еурофарм Пелистер, беше организирана превентивно едукативна акција во рамките на кампањата „Стави појас“.

Спортскиот директор на РК Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски и македонските репрезентативци Никола Митревски и Гоце Ојлески, претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска, Саше Гилевски-началник на сектор за превенција на СВР Битола и претставници на општинската организација на Црвениот Крст од Битола, вчера на улиците во Битола делеа освежувачи за автомобили и друг едукативен материјал со совети и пораки за тоа кој, кога и зошто треба да користи сигурносен појас во возилото.

Возачите и патниците кои ги почитуваа прописите и правилата во сообраќајот и кои веќе го имаа ставено појасот беа изненадени и станаа добитници на билети за натпреварот Еурофарм Пелистер и Нексе, а некои од посреќните добија и понекој дрес или маица од македонските репрезентативци и од претставниците на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот