Ракометарите на Еурофарм Пелистер од денеска тренинзите ги продолжуваат во Маврово

фото: Еурофарм Пелистер

Откако вчера започнаа со тренинзи за новата сезона, од денеска ракометатите на Еурофарм Пелистер се преселија во Маврово каде ќе ја одработат првата фаза од подготовките.

Според планот на подготовки на тренерот Жељко Бабиќ, битолчани во Маврово ќе бидат во наредните две недели, по што ќе следува и втората фаза од подготовките – контролните натпревари. Ракометарите на Еурофарм Пелистер првата контрола ќе ја имаат од 12. до 16. август кога ќе настапат на трандиционалниот турнир во Струга.

Екипата за новата сезона претрпе големи промени, си заминаа Митревски, Јотиќ, Остроушко, Шевелев, Петровски, Кузманоски, а нови ракометари на тимот кој го очекуваат настапи во СЕХА лигата, Лигата на Европа и во домашните натпреварувања се Мандалиниќ, Кушан, Мараш, Периќ, Костески, Кукуловски и Танкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот