Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Тиквеш во Суперлигата

фото: facebook.com/hceurofarmpelister

Со победа екипата на Еурофарм Пелистер ја стартуваше одбраната на титулата во македонската ракометна Суперлига.

Битолчани на гостувањето во салата „Јасмин“ во Кавадарци над Тиквеш славеа со конечен резултат 31:27.

Кај победникот доминираше Пешевски со осум голови, а два помалку запиша Тајник.

На спротивната страна по пет погодоци реализираа Обина и Анастасовски.

Во саботата во рамките од првото суперлигашко коло се одиграа и следните натпревари: Бутел Скопје – Куманово 29:12, Струга – Бисинов 30:31, Прилеп – Тинекс Пролет 30:30 и Радовиш – Охрид 18:36.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот