Ракометарите на Е. Пелистер се имунизираа пред почетокот на сезоната

Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

По утринскиот тренинг, денеска напладне во вакциналниот центар во Битола, во спортската сала „Јован Калаузи“, комплетната екипа на Еурофарм Пелистер изврши имунизација на ковид-19.

Ракометарите и стручниот штаб ја примија првата доза, a втората е закажана за 24 август, информираат од битолскиот клуб.

Клубот во соработка со здравствените власти комплетно ја обезбеди и организираше имунизацијата. РК Е. Пелистер изразува благодарност до здравствените власти за соработката и поддршката.

По консултацииите со здравствените работници, ракометарите добија слободни денови и в четврток им се враќаат на тренинзите. В петок пелистерци заминуваат на викенд во Маврово, каде ќе одиграат два контролни натпревари против Е. Пелистер 2 (од неделата се подготвува во Маврово) и Металург (денеска замина на подготовки).

Сите играчи освен Марио Танкоски, кој заздравува од повредата, тренираат во група, под будното око на стручниот штаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот