Ракометарите на Боливија се вистински дудуци, примија 214 гола на три наптревари

Ракометната репрезентација на Боливија продолжува да урива негативни рекорди за време на шампионатот на Јужна и Средна Америка.

Боливијците на првенството кое се игра во Бразил покажаа дека се антиталенти за ракомет и на три натпревари дадоа само 17 голови, а примија неверојатни 214 гола.

Во првото коло, Аргентина славеше со кошаркарски резултат 82:7, во второто Бразил „дигна рачната“ и застана на 77 гола (77:9), но во третото коло, боливиските ракометари покажаа дерка можат да бидат и полоши. Тие наптреварот со Уругвај го загубија со неверојатни 55:1, додека на полувремето, резултатот гласеше 24:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот