Ракометарите ќе играат во Вараждин: Мундијалот го отвораме против фаворитот Унгарија
Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија на Светското првенство во 2025 година ќе игра во Вараждин, Хрватска во групата „Д“.
Противници на нашите најдобри ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров се Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Мундијалот ќе се организира од 14 јануари до 2 февруари 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.
Познат е и распоредот на натпревари на македонската репрезентација во првото коло ќе стартува против Унгарија на 15 јануари.
Два дена подоцна противници ќе ни бидат Холандија, а на 19 јануари ќе играме против Гвинеја.
Првопласираните три репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната фаза, а осум селекции ќе го продолжат натпреварувањето во „Президент купот“ за пласман.
32 teams, 8 groups, 1 trophy 🏆 The road to the 29th IHF Men's World Championship title begins with this 👇 preliminary round setting 💥#CRODENNOR2025 #inspiredbyhandball pic.twitter.com/BIdntaIdi7
— International Handball Federation (@ihfhandball) May 29, 2024