Ракометарите ги дознаа противниците за ЕП 2022, група по мерка за Македонија

фото: рфм

Македонската ракометна репрезентација заедно со селекциите на Данска, Швајцарија и Финска ќе се бори за освојување на првите две места во групата 7 кои носат пласман на Европското првенство во 2022 година.

Главен фаворит за првото место е селекцијата на Данска, додека главниот ривал за второто место, Швајцарија е добро познат за избраниците на селекторот Данило Брестовац, и од тие натпревари имаме убави спомени.

Во квалификациите за ЕП 2014 година ракометарите остварија две победи над Швајцарија 30:24 и 22:27, а „црвено-жолтите“ беа поубедливи две години подоцна. Тогаш ракометарите на домашен терен ја совладаа Швајцарија со 27:20, а потоа на гости славеа со 26:17.

Македонија има и два настапи против Финска, во квалификациите за СП 2005 година, ракометарите ремизираа играјќи 30:30 на гости, додека на домашен терен славеа со 36:30.

Новиот квалификациски циклус ќе стартува на 4 ноември, а ќе заврши на 2 мај 2021 година. Директен пласман на ЕП 2022 покрај домаќините Унгарија и Словачка обезбедија и финалистите од последниот европски шампионат, Шпанија и Хрватска.

Пласман на ЕП 2022 во Унгарија и Словачка ќе обезбедат двете најдобри репрезентации од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации, а европскиот континентален ќе се игра од 13 до 30 јануари 2022 година.

ГРУПА 1: Франција, Србија , Белгија, Грција
ГРУПА 2: Германија, Австрија, БиХ, Естонија
ГРУПА 3: Чешка, Русија, Украина, Фарски Острови
ГРУПА 4: Исланд, Португалија, Литванија, Израел
ГРУПА 5: Словенија, Холандија, Полска, Турција
ГРУПА 6: Норвешка, Белорусија, Летонија, Италија
ГРУПА 7: Данска, МАКЕДОНИЈА, Швајцарија, Финска
ГРУПА 8: Шведска, Црна Гора, Романија, Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот