Ракометарите двапати со Кувајт, па настап на „Трофеј Карпати“

Фото: rkmetalurg.mk

Македонскиот национален тим попладнево замина за Стара Пазова (Србија), каде што утре и задутре треба да одигра два контролни натпревари.

Тие ќе бидат дел од контролките пред настапот на сениорите на Европското првенство 2020 година каде што мечевите од групната фаза ќе ги играат во Виена (Австрија).

Првиот меч ќе го имаме на 10 јануари против Украина, два дена подоцна со Чешка, а на 14 јануари ривали ни се Австријците.

В среда и четврток избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе ги одмерат силите против селекцијата на Кувајт.

Потоа, репрезентативците ќе продолжат за Букурешт (Романија), каде што в сабота и в недела ќе бидат дел од 12. издание на традиционалниот турнир „Трофеј Карпати“.

Распоред на натпревари, „Трофеј Карпати“:

28.12.2019 (сабота) 16:00 часот Македонија – Алжир

28.12.2019 (сабота) 18:00 часот Романија – Холандија

29.12.2019 (недела) 16:00 часот Натпревар за 3-то место

29.12.2019 (недела) 18:00 часот Натпревар за 1-во место

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот