Ракометар на Вардар позитивен на коронавирус

фото: рк вардар

Во таборот на Вардар непосредно пред стартот на новата сезона и саботниот натпревар против Нексе во рамиите на СЕХА лигата, има ракометар позитивен на коронавирус.

Ракометарот веднаш е ставен во самоизолација, а поради ваквото сознание сите ракометари на Вардар биле експресно тестирани и ги очекуваат резултатите.
Доколку резултатите бидат негативни избраниците на тренерот Стевче Алушовски ќе продолжат со тренинзите и подготовката за настапот против хрватскиот Нексе.

Екипата на Вардар новата сезона ја започна со ново раководство, на чело на клубот се врати Михајло Михајловски, а беа ангажирани неколку квалитетни засилувања со кои „црвено-црните“ имаат тим за респект и  не ретерираат во амбициите во ЛШ.
Подготовките започнаа на 18 јули и оттогаш сите ракометари и членови на стручниот штаб неколку пати се тестирани и сите резултати беа негативни, се до последната рунда тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот