Ракомет во Токио: Французите ја преслушаа и Шпанија

EPA-EFE/WU HONG

Ракометната репрезентација на Франција продолжува со одличните игри на олимпискиот турнир во Токио и утринава ја остварија четвртата победа во четвриот натпревар во групата А. „Триколорите“ со 36:31 ја совладаа Шпанија и во последното коло од групната фаза против Норвешка ќе играат за заверка на првото место.

Французите по израмнетиот старт (6:6), направија серија од 4.0 со која дојдоа до предност од 10:6 и водството не го испуштија до крајот на натпреварот. Првото полувреме го завршија со предност од 18:12, за во вторите 30 минути, рутински ја одржуваа предноста. Недим Ремили блескаше со девет постигнати голови кај Франција, додека во редовите на Шпанија најдобар беше Алекс Дујшебаев со пет гола.
Претходно, во јужноамериканското дерби, Бразил со 25:23 ја совлада Аргентина, додека Бахреин славеше над Јапонија со 32:30.

Видео на денот