Ракитиќ: Секогаш треба подготвен за трансфер, би сакал да играм со Роналдо!

фото: твитер

За Хрватот Меси е најдобриот фудбалер во историјата, има желба Нејмар да се врати на „Камп Ноу“, но Бразилецит самиот си одлучува.

Хрватскиот фудбалер гостуваше денеска на „Бличер Рипорт“ и одговараше на прашањата на социјалните мрежи околу неговата кариера, но и приватниот живот.

Иван Ракитиќ откри во разговорот дека за него најпотценет фудбалер на светот е Миралем Пјаниќ, најдуховит Дани Алвеш, а истакна дека и многу пие кафе.

Многу ги интересираше како е тоа да се игра со Меси и смета дека Аргентинецот е најдобриот фудбалер со кој играл досега во кариерата.

– Играњето со Меси е неверојатно искуство, секоја ера има посебни играчи, а Меси сигурно е најдобар во последните 15 години. За мене е најдобар во историјата – рече Ракитиќ, а потоа го коментираше можното враќање на Нејмар во Барселона:

– Би сакал Нејмар да биде во екипата, но тој си одлучува што сака. Ние сме добри пријатели и сакам да биде среќен, тој е еден од најдобрите играчи на светот.

Го коментираше и португалскиот фудбалер на италијанскиот шампион, Кристијано Роналдо:

– Дали би сакал да играм со Кристијано? Да, секако, би сакал да играм со него. Тој е исто така еден од најдобрите играчи во историјата. Навистина уживате да го гледате и можете да видите што прави тој за Јувентус. За мене, тој е еден од најдобрите во историјата.

Ракитиќ воедно говореше и за својот статус на „Камп Ноу“ и околу шпекулациите дека би можел да го напушти клубот наредното лето.

– Сето тоа е дел од фудбалот, морате да разберете дека играч мора секогаш да биде подготвен на трансфер. Мора да се биде среќен и мисли на семејството, а среќен сум додека играм за Барселона – вели Ракитиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот