Ракитиќ ја напушти Барселона и се врати во Севиља

epa07735766 FC Barcelona's Ivan Rakitic (R) in action during a pre-season friendly soccer match between FC Barcelona and Chelsea FC in Saitama, north of Tokyo, Japan, 23 July 2019. EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Иван Ракитиќ ќе ја напушти Барселона и ќе потпише тригодишен договор со својот поранешен тим, Севиља. Весникот „Марка“ тврди дека преговорите помеѓу Барселона и Севиља се завршени и хрватскиот репрезентативец до враќањето во тимот во кој настапуваше до 2014 година го делат само лекарски прегледи.

Ракитиќ ќе потпише тригодишен договор и ќе во првиот тим ќе го наследи Евер Банега кој по триумфот на Севиља во Лигата на Европа си замина од шпанскиот тим и кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Хрватот шест сезони го носеше тресот на Барселона и одигра 310 натпревари на кои постигна 35 гола и 42 асистенции, а имаше уште една сезона од актуелниот договор. Но, новиот тренер на каталонците, Роналд Куман, објави дека нема да смета на неговите услуги и може слободно да си замине.

Иако Барселона сакаше да го продаде на екипи како ПСЖ, Интер, Манчестер јунајтед кои нудеа повеќе пари, сепак ја испочитува желбата на Хрватот и се договори со Севиља за помало обесштетување.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот