Ракитиќ: Доколку сезоната не заврши, Барса треба да биде шампион

фото:твитер

Според хрватскиот интернационалец доколку клубот од „Камп Ноу“ се наоѓа моментно на врвот треба да ја освои титулата, но со поминати рокови.

И кај Иван Ракитиќ постои желбата трофејот во кое било натпреварување дека треба да се освои преку теренот, но моментно постои и вид на песимизам за оваа сезона.

Хрватскиот интернационалец вели дека неговиот клуб треба да биде шампион доколку предвреме заврши сезоната во најсилната шпанска фудбалска лига поради епидемијата на коронавирусот.

До прекинот на сезоната во „Ла Лига“ водеше Барселона со два бода предност во генералниот пласман во однос на второпласираниот Реал Мадрид.

Сите сакаме повторно да играме фудбал и да го освоиме првенството преку натпревари. Исто така разбирам дека сезоната би завршила доколку не можеме да се вратиме на терените. Доколку сме на врвот, тогаш треба да ја освоиме титулата, но претходно сите рокови мора да истечат. Идеално сценарио е секако да завршиме како било, со добро направен план, особено земајќи ја во предвид и следната сезона – рече Ракитиќ, играчот на Барса.

Хрватот кој во последните неколку месеци се шпекулира со заминување од „Камп Ноу“ има договор со клубот до лето 2021 година.

Не сакам да оставам впечаток дека сум лут или нешто слично. Не е така. Мирен сум и среќен каде што сум, но секогаш постојат две страни, сакаме нештата да ги направиме добро – додаде Ракитиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот