Ракитиќ до Меси: Имам трофеј кој никогаш нема да го освоиш!

Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Иван Ракитиќ од оваа сезона е играч на Севиља. Во тој клуб се врати од Барселона во која помина пет одлични години.

Хрватскиот интернационалец ги освои Лигата на шампионите, „Ла Лига“ и Кралскиот куп, а сега најде и време да го „пецне“ неговиот поранешен соиграч Лионел Меси.

Ракитиќ имаше едно интересно интервју за „Ла Лига ТВ“, а во разговорот се осврна на бројни теми во врска со Севиља, а зборуваше и за Барса.

– Гладот ​​за победа во Барселона беше неверојатен. Имав среќа да поминам една година со Чави, неколку години со Андрес Иниеста и да го развијам односот со нив надвор од фудбалот. Се разбира, научив од нив на терен, но особено надвор од теренот. Додека ги гледав секој ден, помислив „Има причина зошто тие се најдобри“ – рече Ракитиќ.

Секако, во целата приказна не го заборави Лео Меси, за кого раскажа интересна анегдота.

– Му реков „Ги постигна сите тие голови, но јас имам титула која никогаш нема да ја освоиш, а тоа е трофејот во Лига Европа“ – додаде Ракитиќ.

Патем, интересно е и тоа што Ракитиќ и Меси беа на поразените страни во финалните мечеви на Светските првенства, Хрватот во 2018 година во Русија, Аргентинецот во 2014 година во Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот