„Ракетите“ подготвени да го заменат цел тим, освен Харден

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Хјустон рокетс на разочарувачки начин ја заврши сезоната во НБА лигата, со елиминација во конференциското полуфинале од Голден стејт вориорс.

Иако амбициите на „ракетите“ одеа до самиот крај и шампионската титула, ќе имаа продолжен летен одмор. Но управата планира да има работно лето и генералниот менаџер на тимот, Дерил Мори, најави целосна реконструкција на екипата во која само еден играч е сигурен, првата ѕвезда Џејмс Харден. Мори планира со неколку размени да доведе екстра квалитетни засилувања кои би му помогнале на Харден во атакот на титулата наредната сезона.

Според американските новинари, втората ѕвезда на тимот, Крис Пол сигурно ќе биде разменет и за него Хјустон би можел да добие највеќе. Пол судбината во Хјустон си ја запечати со караницата со Харден во соблекувалната веднаш по елиминацијата од Голден стејт. Проблем во размената на Пол може да претставува огромниот договор кој го има со „ракетите“, тој во наредните три години треба да добие огромни 124 милиони долари.

На трансфер листата е и центарот Клинт Капела за кого голем интерес пројавува Далас маверикс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот