Ракетите кои ги тестираше Северна Кореја летале цели 330 километри пред да паднат во море

Северна Кореја ги потврди ракетните тестови кои биле надгледувани лично од Ким Џонг Ун, објавија официјалните медиуми во оваа земја.

Јужнокорејската војска наведе дека повторно биле лансирани „проектили“, што обично значи балистички ракети со краток дострел, од централниот дел на земјата. Ракетите летале околу 330 километри пред да паднат во Јапонското Море.

Севернокорејската агенција КЦНА објави дека Ким Џонг-ун лично ја следел пробата, која имала за цел да се измери времето на делување на ракетниот фрлач.

Агенцијата најави дека се предвидени уште проби. Вчерашната проба дојде неколку часа откако севернокорејските власти соопштија дека се подготвени да ги продолжат преговорите со САД за денуклеаризацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот