Ракетен напад врз воена база во Ирак

 Во рурална област во близина на ирачката воена воздушна база северно од Багдад, каде се сместени и американски војници, денеска паднаа две ракети.

Во нападот нема жртви, соопштија ирачките безбедносни служби.

Првичните резултати од истрагата покажаа дека целта на ракетниот напад била воздушната база Балад лоцирана северно од Багдад, но ракетите паднале југоисточно од целта и ја погодиле областа на селото ал-Бу Аси.

За сега никој не презеде одговорност за нападот, но ирачки безбедносни претставници велат дека некои проирански вооружени групи редовно ги ракетирале американските воени позиции, вклучително и оние кои не се далеку од американската Амбасада во Багдад. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот