Ракетен напад врз азербејџанскиот град Ганџа, 12 загинати и 40 повредени

Фото: EPA-EFE/MINISTRY OF DEFENCE OF ARMENIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Ракетен напад е извршен синоќа еден час по полноќ врз вториот по големина азербејџански град Ганџа.

Во нападот загинале 12 луѓе, повредени се повеќе од 40 лица и причинета е значителна штета врз цивилна и транспортна инфраструктура, соопшти државното обвинителство на Азербејџан.

Истовремено, воени сили во Нагорно Карабах тврдат дека утрови биле гранатирани Степанакерт и Шуша, при што се повредени цивили.

Според азербејџанските власти, во нападот е причинета сериозна штета врз цивилна инфраструктура и сообраќајници.

Се додава дека Ганџа е нападната со ракети „Скад” (Р-17) и тоа од територија на Ерменија, а ерменската страна ги демантира таквите наводи.

Во тек е спасувачка акција, со цел да се утврди дали има цивилно население под урнатините на зградите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот