Ракета на „Спејс-Икс” успешно слета, па експлодира

СпејсИкс / Фото Архива

Прототип-ракета на американската вселенска компанија компанија „Спејс-Икс”, по пробен лет во американската сојузна држава Тексас, слета успешно, но наскоро настана пожар и леталото експлодира.

Прототипот на вселенското летало „Спејс-Икс Старшип СН 10″ успеало да слета, за разлика од претходните „СН 8″ и „СН 9″. Тоа значи дека лансирањето во „Бока чика” во Тексас и летот на голема височина, беа успешни.

Сепак, кусо по слетувањето, оган го зафатил вселенскиот брод и експлодирал осум минути подоцна.

„СН 10″, „СН 8″ и „СН 9″ се прототипи на ракета во развој на приватната компанија на милијардерот Илон Маск, којашто би овозможила превоз на луѓе и товар во идните мисии на Месечината и на Марс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот