Ракета го уништи домот на лидерот на политичкото крило на Хамас во Газа

epa09066583 Hamas Gaza leader Yahya Al Sinwar attends a press conference after Hamas announcing his victory in Gaza City, Gaza Strip, 10 March 2021. Sinwar was re-elected as Gaza Hamas leader on 10 March 2021. EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Домот на лидерот на политичкото крило на палестинското движење Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, е уништен од израелска ракета, јави ТАСС, повикувајќи се на информации на ТВ каналот Ал Арабија.

Според каналот, куќата била уништена како резултат на нападот, но не е соопштено каде бил Синвар во време на нападот.

Вчера, израелските воздушни сили го уништија домот на Калил ал-Хаи, заменик-шеф на политичкото биро што е на власт во Појасот Газа, откако беа истрелани неколку ракети врз станбена зграда во областа Ал Туфа во градот Газа. Во операцијата учествувале извиднички и борбени авиони

На 13 мај, израелски авиони го нападнаа домот на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија. За време на нападот, самиот Ханија бил отсутен од зградата.

Израел повеќепати ја појаснуваше својата позиција дека главните цели на ударите во Појасот Газа се водачите на Хамас, како и зградите каде што се складира воена опрема или од кои се извршуваат напади против израелските градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот