19.8 C
Скопје

Рајола се заканува: Што доколку Дортмунд одбие да го продаде Халанд?

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд би можел да ја напушти екипата на Борусија Дортмунд на крајот од оваа сезона, иако клубот не сака да го продаде.

Халанд е претставен од Мино Рајола кој минатиот месец водеше разговори со челници на клубови кои покажаа интерес за овој напаѓач на Дортмунд. Тоа во Борусија не им се допадна и јасно ставија до знаење дека Норвежанецот не се продава.

Но, се чини дека Халанд е решен да го смени клубот на лето, бидејќи верува дека е подготвен да направи нов чекор напред во кариерата.

Фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Следното лето тој ќе има активна откупна клаузула помеѓу 80 и 100 милиони евра, а Дортмунд му рече дека само тогаш може да си оди, иако е јасно дека летово можат да заработат многу повеќе пари отколку неговата продажба.

Челниците на германскиот клуб се лути на Рајола, кој без нивно знаење разговараше со Барселона, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Ливерпул и поради тоа рекоа дека нема да има ништо од трансфер ова лето.

Од друга страна светскиот познат агенти е познат по тоа што не се предава толку лесно и дека секогаш се одмаздува доколку нешто не оди како што планирал.

Германските медиуми денеска објавија дека Рајола им рекол на првите луѓе на Дортмунд дека е попаметно да го пуштат Халанд ова лето отколку да чекаат на крајот на следната сезона кога ќе подготви одмазда.

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Тој, наводно, го предупредил Дортмунд дека намерно ќе го продаде Халанд на нивниот најголем ривал Баерн следното лето доколку не го ослободат на крајот од оваа сезона.

Не би било првпат играч на Дортмунд да замине во Баерн, тоа беше направено со Роберт Левандовски, Матс Хумелс и Марио Гоце во претходните години.

Халанд е напаѓач кој воодушеви со своите игри и јасно е зошто Дортмунд не сака да го пушти толку лесно. Овој 20-годишен напаѓач оваа сезона одигра 38 натпревари во сите натпреварувања за бундеслигашот, постигнувајќи дури 37 погодоци, запишувајќи 11 асистенции.

Поврзани вести

Франција има една победа на ЕП, но и натаму е најголем фаворит за шампионската титула!

Слободен печат

Класика на „Вембли“: Ги дознавме сите осминафинални двојки на Европското првенство!

Слободен печат

ВИДЕО: Германија „преживеа“ во Минхен, Роналдо е синоним за рекорди!

Слободен печат

Клуб од шпанската „Ла Лига“ со интерес за Дарко Велковски!?

Слободен печат

Ја победија само Македонија – Украинците се најголемите „среќници“ на Евро 2020!

Слободен печат

ВИДЕО: Ѓоковиќ „гази“ и во двојки, крај за првите носители на турнирот во Мајорка!

Слободен печат

Остави Коментар