Рајола, Мендеш и останатите агенти и се закануваат на ФИФА

twitter.com/FlavinhoKavalo

Најпознатите фудбалски агенти меѓу кои се Мино Рајола, Жорге Мендеш и Џонатан Барнет се заканија дека ќе ја тужат ФИФА поради нејзините планови да ги ограничи проценти за трансферите.

Челниците на Светската фудбалска федерација уште пред неколку месеци објавија дека планираат да воведат правило по кое агентите на фудбалерите кои посредуваат при трансферите на фудбалерите, да добијат максимално 10 проценти од вредноста на трансферот.

Покрај тоа, ФИФА сака да го ограничи процентот за играчот на само три проценти од вредноста на трансферот, како и бонусот за агентите на клубот, и тоа планира да го направи што побрзо.

– Сакаме праведност. ФИФА треба да не признае и да не третира како што заслужуваме. Вистината е дека ФИФА не знае што работат агентите. Никој од ФИФА никогаш не дошол во мојата канцеларија, ниту разговарал со мене. Доколку ги прашате што сакаат, тоа оди во наш прилог.

Никогаш играчите не се жалат на процентите кои агентите ги добиваат од трансферите. Ќе се обидуваме да го решиме проблемот, но бидете сигурни дека ќе одиме пред секој суд во светот доколку ФИФА одлучи да тргне на нас – изјави Џонатан Барнет, агентот на Герет Бејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот