Рајо ја прекина серијата порази, цел меч за Димитриевски против Севиља

димитриевски
фото: EPA-EFE/Juanjo Martin EPA-EFE/Juanjo Martin

Денеска во рамките од 28 коло во најсилното шпанско првенство составот на Рајо Ваљекано дома ремизираше 1:1 против Севиља.

Рајо на тој начин ја прекината негативната серија од шест порази во низа во „Ла Лига“, но и натаму нема запишано победа во 2022 година, последната ја забележа на 18 декември 2021 година.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски го одигра целиот натпревар за домаќините.

Гостите постигнаа гол во 11 минута, но истиот беше поништен поради играње со рака. На стартот од вториот дел Португалецот Бебе донесе водство за Рајо.

Севиља успеа да израмни во 63 минута преку Дилејни. На табелата Рајо е на 13 позиција со 32 бодови, додека Севиља има 56 на второто место, седум помалку од Реал Мадрид кој има меч помалку.

Во следното коло Рајо Ваљекано на домашен терен ќе го пречека Атлетико Мадрид, додека Севиља еден ден подоцна се сретнува со Реал Сосиедад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот