Рајо и Валенсија полуфиналисти во Кралскиот куп

Столе Димитриевски, голманот на Рајо Ваљекано/фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Екипите на Рајо Ваљекано за кого настапува македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и Валенсија обезбедија пласман во полуфиналето на кралскиот Куп откако беа подобри од Мајорка, односно Кадиз.

Рајо со минимални 1:0 ја совлада Мајорка, а единствениот гол го постигна Трехо од пенал во 44 минута од натпреварот. Димитриевски го одигра првиот натпревар во 2022 година за својот тим, откако остана во главниот град на Шпанија, иако во зимскиот преоден рок беше поврзуван со трансфер во неколку клубови.

Екипата на Валенсија е вториот патник во полуфиналето на  кралскиот Куп откако вечерва потешко од очекуваното со 2:1 го совлада Кадиз. Домашниот тим поведе со голот на Гонсало Гуедеш во 24. Минута, но Кадиз во 54 минута дојде до измранување откако Лукас Перез го реализираше пеналот. Победата и пласманот на Валенсија во полуфиналето го донесе Дуро со гол во 79. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот