Рајковиќ останува во Казахстан, нема шампион во ВТБ лигата!

фото: kfsm.mk

Нашиот тренер кој ја води Астана вели дека клубовите се принудени да ги пуштат странските кошаркари да си одат дома поради епидемијата на коронавирусот.

До некои подобри времиња, најдобриот македонски кошаркарски тренер во странство за 2019 година, останува таму каде што е, во својот апартман во главниот град на Казахстан.

Како резултат на гласањето, преку конференциска врска, на лигата, а во врска со негативниот развој на епидемиолошката состојба со COVID-19, беше одлучено да се стави крај на сезоната на лигата, односно сезоната 2019/2020.

Во моменталната ситуација, кога границите се затворени, тимовите не се во можност да вежбаат во кошаркарските области, а клубовите се принудени да ги пуштат странските кошаркари да си одат дома, шампионатот на ВТБ не е соодветен за реализација. Со оглед на ширењето на COVID-19 во Европа и светот, здравјето на играчите, нивното семејство, клупските работници и, секако, навивачите, се на првото место.

фото: kfsm.mk

Емил Рајковиќ (41), македонскиот тренер на кошаркарскиот клуб Астана, еден од учесниците во ова квалитетно натпреварување, објаснува каква е ситуацијата во главниот град на Казахстан, Нур-Султан.

– Да, лигата означи крај на натпреварувањето, за жал, гледано од оној спортски аспект. Но од друга страна, здравјето на сите учесници во лигата е на првото место, па донекаде оваа одлука е во најмала рака и очекувана. Шампионот во лигата во сезоната 2019/20 нема да биде дефиниран, бидејќи спортскиот принцип не е исполнет. Учесниците во лигата одиграа различен број натпревари, регуларното првенство не беше завршено. Оваа сезона нема да има победник – се зборовите на Рајковиќ на официјалната страница на македонската кошаркарска федерација.

Најдобриот македонски тренер во странство за 2019 година останува таму каде што е, во својот апартман во Нур-Султан.

– Дома сме, сега нема враќање во Скопје. Можеби во април, во мај, не знам, Повеќе од десет дена сме во самоизолација, а тоа полека делува неподносливо. Тука сум со моето семејство. Во иста ситуација е и Сашо Тодоровски, мојот асистент во Астана, кој е со сопругата. Во Нур Султан засега останува и мојот друг соработник, Марко Величковиќ. Нешто порано, поради принова во семејството, си замина Борче Даскаловски. Значи скоро сме во комплетен состав – додаде Рајковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот