Рајковиќ награден за успесите со Астана

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ потпиша нов двегодишен договор со казахстанскиот клуб Астана.

Екипата на Астана беше едно од изненадувањата во силната ВТБ Лига, за прв пат го внесе клубот во плејофот и на крајот го доби признанието за тренер на годината. Во плејофот, Рајковиќ и неговата Астана беа елиминирани од силниот Химки кој стигна до финалето каде го очекува пресметка со ЦСКА Москва.
Тој успеа да ја освои и двојната круна во домашниот шампионат.

– Клубот ми понуди продолжување на договорот, а јас ги прифатим условите за нова двегодишна соработка. Ќе сториме сѐ за да направиме уште поголем успех идната сезона. Моја желба е да играме уште побрзо, со што би правеле проблеми на силните противници – рече Рајковиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот