„Рајанер” ќе отпушти 84 вработени во Белгија

Синдикатите најавија дека нема да попуштат и дека „Рајанер” ќе мора да ги почитува белгиските закони.

Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер” ќе отпушти 44 пилоти и 40 членови на екипажот во Белгија поради финансиските тешкотии со кои се соочува откако започна кризата со новиот коронавирус, јави дописничката на МИА од Брисел.

Авиокомпанијата веќе подолго време се заканува со отпуштања во Белгија доколку вработените не ги прифатат новите услови за работа и исплата. По неколку недели обид за преговори, синдикатите соопштија дека одлуката е донесена „Рајанер” да се ослободи од 84 лица.

Во текот на мај, нискобуџетната компанија најави дека планира да го намали својот персонал за три илјади единки, платите на пилотите за 20 отсто и платите на останатите членови од екипажот за десет проценти.

Во Белгија постои посебен закон во случај на колективни отпуштања, што ги обврзува работодавците да преговараат со синдикатите, закон кој „Рајанер”, според синдикалните претставници, се обидува да го заобиколи и да преговара директно со здруженијата на пилоти. Синдикатите најавија дека нема да попуштат и дека „Рајанер” ќе мора да ги почитува белгиските закони, како и сите предвидени услови што им следуваат на отпуштените и покрај тоа што компанијата има седиште во Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот