Рајан Рејнолдс ќе стане сопственик на фудбалски клуб: За 2 милиони долари го купува од навивачите! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Рајан Рејнолдс (43) е заинтересиран да го купи фудбалскиот клуб Врексам АФЦ, а како што се зборува, тој веќе имал состанок на кој биле прецизирани деталите – јавува Скај Њус.

Се зборува за сума од 2 милиони долари, која актерот треба да ја плати за да стане сопственик на клубот, кој не е во некоја завидна позиција.

EPA/MIKE NELSON

Овој тим од истоимениот град во Велс постои од 1846 година и е трет најстар професионален фудбалски клуб во светот.

Клубот од 2011 година е во сопственост на навивачите, а моментално немаат добри резултати – се натпреваруваат во петтата англиска лига.

Инаку се зборува дека во клубот ќе инвестира и актерот Роб Мекелхен (43), ѕвездата од серијата „Секогаш е сончево во Филаделфија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот