Рајан: Не е познато влијанието на зимата и летото врз вирусот

Фото: МИА

Рајан нагласи дека засега не е јасно како ќе влијае пристигнувањето на летото на северната хемисфера врз инфекцијата.

Не е јасно како ќе влијае доаѓањето на зимата на јужната хемисфера, односно летото на северната хемисфера, врз новиот коронавирус, изјави денеска во Женева извршниот директор на Светската здравствена организација за вонредни програми, Мајк Рајан.

Тој за време на онлајн прес-конференцијата истакна дека СЗО не знае како вирусот ќе се однесува и моментно нема податоци кои сугерираат дали тој ќе се однесува поагресивно или ќе се пренесува поефикасно.

Рајан нагласи дека засега не е јасно како ќе влијае пристигнувањето на летото на северната хемисфера врз инфекцијата.

– Не можеме да се потпреме на очекувањата дека сезоната или температурата ќе бидат одговор на ширењето на вирусот, порача Рајан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот