Рахиќ: Јанева не е во женското одделение, таа е во посебен оддел заради безбедносна проценка

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Есад Рахиќ, во интервју за Радио Слободна Европа, открива каде е сместена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, и каков е нејзиниот третман.

-Госпоѓа Катица Јанева не е во женско одделение, таа е во еден посебен оддел каде што според безбедносната проценка на затворската управа има друг третман, од безбедносен здравствен и секаков друг аспект, вели директорот.

На прашањето дали таа е сама во келија, Рахиќ одговара:

-Во принцип, ниедно притворено лице не е само, секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа што станува збор за личност која била специјален јавен обвинител, посебен општествен интерес, бидејќи тоа така брзо е направено, ние сметавме дека во еден временски период треба да направиме комплетна безбедносна и здравствена проценка и слично и госпоѓата да биде сместена на адекватно место. Ние сме малку ограничени со тие сместувачки капацитети, ние имаме три одделенија и за жал после подолго време, прв пат во историјата на притворот и на затворот се случува да имаме некаде околу 18-20 жени, најмногу имало по 3-4. Тоа се поголеми одаи, да не речам ќелии, во кои има по 4,5 или 6 жени. Малку е незгодно, има разни профили на жени внатре, имате женски лица судени за убиство, имате за изнуда и малку е тешко да вклопите еден таков профил како госпоѓа Јанева меѓу тие лица, но ние си ја вршиме нашата работа, така што таа е сместена на најдобар начин на кој што можеме да го направиме, вели директорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот