Раѓање во војна: Mајките во Либан се плашат за своите неродени бебиња

Фото: Рexels-mdmmikle

Јасин Тахани била во третиот месец од бременоста кога решила да се врати во својот роден град Бејрут за да го роди своето бебе.

Живеејќи во Екваторијална Гвинеја со сопругот и трите мали деца, таа имала поголема доверба во либанскиот здравствен систем, пишува Ројтерс.

Но, само неколку дена по пристигнувањето во Бејрут, Јасин почна да жали за својата одлука.

Израел ја интензивираше својата воена кампања во Либан, гаѓајќи ги упориштата на Хезболах на југ, долината Бека на исток и јужните предградија на Бејрут, во близина на нејзиниот дом.

Иако нејзината област не беше директно погодена, ударите беа вознемирувачки блиски, а громот на израелските воени авиони што ја пробија звучната бариера над неа ја исполни со страв.

Загрижена за безбедноста на своето неродено дете, 36-годишната жена се преселила во стан поблиску до болницата каде што требало да се породи.

„Лекарите ми рекоа дека бременоста ми е премногу напредна за да патувам. Немав друг избор освен да останам и да се породам овде“, изјави таа за Ројтерс само неколку часа по породувањето во болницата Трад во центарот на Бејрут на 10 октомври.

Лежејќи во нејзиниот болнички кревет, со новороденото девојче вгнездено до неа, на Јасин и олеснува што и таа и нејзиното бебе се здрави – многу поинакво искуство за многу идни мајки во ескалирачкиот конфликт во Либан.

Николас Баклини, акушер и гинеколог од Бејрут, вели дека забележал зголемување на предвремените породувања и смртни случаи на доенчиња од почетокот на конфликтот минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот