Рафиња го стопира трансферот во Челси бидејќи сака трансфер само во еден тим

Рафиња сака трансфер во каталонскиот гигант/фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Фудбалерот на Лидс, Рафиња минатата сезона беше едно од најголемите изненадувања во Премиер лигата привлекувајќи го вниманието на најголемите екипи, но Бразилецот сака да транфер само во еден клуб Барселона.

Поради тоа, Рафиња го стопирал неговиот трансфер во Челси бидејќи сака да се пресели во редовите на каталонскиот гигант.

Челниците на Лидс и на Челси се договориле за отштетата на Базилецот да изнесува 60 милиони фунти, но Рафиња и порачал на управата на неговиот клуб дека одбива да се пресели на „Стемфорд бриџ“ и дека ќе прифати трансфер само во Барселона.

Но, проблем за Лидс е тоа што Барселона нуди помалу пари од Челси, 50 милиони евра плус 10 милиони во бонуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот