Рафалната стрелба на Орбан за неутрализирање на опозицијата - Слободен печат

Рафалната стрелба на Орбан за неутрализирање на опозицијата

Виктор Орбан е подготвен на сѐ само да не ја изгуби власта, пишува во својот коментар Кено Ферсек, дописник на германски „Дојче веле“ од Будимпешта.

На унгарскиот премиер Виктор Орбан очигледно дека ништо не му е поважно од тоа да остане на власт. Тој единствено сака да биде „газда“ во доржавата. Затоа, Орбан поразот на изборите го сфаќа како лична навреда. Откако што на изненадување на многумина во 2002 година загуби на изборите, ја кажа реченицата по која стана познат: „Татковината не може да биде во опозиција“, анализира дописникот на „Дојче веле“:

Кога рече „татковина“, мислел на својата партија Фидес, неговите гласачи и пред сѐ на самиот себеси. Во круговите блиски на Орбан се наведува дека по овој пораз паднал во криза. Исто така, се заколнал дека, ако повторно стане премиер, ќе направи сѐ што е можно за никогаш повторно да не загуби.

Сепак, неговиот план не успеа. По 13 години повторно доживеа пораз – во октомври опозицијата победи на локалните избори во многу важни градови, вклучувајќи ја и Будимпешта, каде поразот има големо симболично значење.

Тоа беше доказ дека системот на Орбан, кој на сите начини ја растура опозицијата, сепак не е непобедлив. Премиерот пред гласањето на опозицијата на нарече „јадна“, а потоа од тие „јадници“ загуби на изборите.

Сега го враќа ударот, за себеси и на својот систем дополнително да му осигури дека не може да ја загуби власта на национално ниво. Парламентот во Унгарија овие денови усвои нови законски одредби, а планирани се уште некои. Тие тргнуваат од огрнаичувањето на формирање на пратенички групи, преку поголема контрола во секторот за култура, до понатамошно намалување на даночниот суверенитет на општините.

Особено драстични се прописите за наводните прекршоци на пратениците за време на седниците на Собранието. Прописите му даваат моќ и можност за финансиски санкции на претседателот на парламентот, со што опозицијата практично може лесно да се замолчи.

Уште од измените на деловникот пред пет години, унгарскиот парламент е речиси чиста гласачка машинерија, а опозицијата само декорација во него. Претседателот на парламентот Ласло Ковер, поборник на десничарските теории на заговор, не ја испушта можноста да ги казни опозициските пратеници или новинари кои известуваат за работата во парламентот.

– Орбан во последните месеци се однесуваше релативно умерено. Главно го избегнуваше бранувањето бидејќи сакаше да го обезбеди местото на „својот човек“ како европски комесар за проширување. Тоа влијателно место на Унгарија ѝ дава многу простор во политиката кон Западен Балкан и во поддршката за авторитарните лидери во тој регион. Маневарот на Орбан успеа – смета авторот.

Од денот кога Оливер Вархелји е именуван за комесар за проширување, Орбан повторно „пука рафално“: против американскиот милијарер Џорџ Сорос, против цивилното општество и опозицијата, против „декадентниот“ либерален Запад. Стрела со зборови и со закони.

– Тоа уште еднаш покажува дека не треба да се има илузии за Орбан. Антидемократската трансформација на Унгарија ќе продолжи, Орбан сѐ повеќе ќе ги поместува границите на својата наводна демократија во правец на авторитарниот, диктаторски систем – констатира Кено Ферсек.

Фактот дека унгарскиот парламент е повторно деградиран, токму кога Брисел се бавеше со Унгарија поради кршење на владеењето на правото, покажува што Орбан всушност мисли за ЕУ и за европските вредности, завршува авторот.

Прочитај повеќе

Зеленски со Путин би зборувал само за ослободување на затворениците

Слободен печат

Само една фирма од Македонија на штандот за храна во Берлин?!

Весна Дамчевска

Македонија на 77. место во категорија „хибридни режими”

Слободен Печат

Масовни протести на грчките острови за ситуацијата со мигрантите

Слободен печат

Макрон смета дека негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Слободен Печат

Одлуката на ЕУ може да биде пресудна во битката за гласови

Слободен печат

Остави Коментар

fourteen + two =

Прочитај повеќе

Чавушоглу: Турција е подготвена за соработка за да го врати мирот на Блискиот Исток

Слободен печат

Градоначалник во Албанија е обвинет дека консумирал кокаин на јавно место

Слободен печат

За последните 24 часа двојно повеќе починати од коронавирусот во Кина

Слободен Печат

Царовска и Шкријељ во Ресен: Јануарската пензија повисока за 700 денари

Слободен Печат

Столтенберг: Турција е клучна во борбата против ИД

Слободен Печат

Гуаидо: Диктаторското владеење ја уби можноста за разговори со Мадуро

Слободен печат