Рафајловски за УБ: Државата да ја остави бизнис заедницата на мир

Професорот Горан Рафајловски, консултант, стопанственик и повеќе години на раководни коморски функции, за Утрински брифинг на „Слободен печат“ вели дека овие избори ќе го чинат бизнисот многу.

– Замислете во една Германија бизнисот да не знае дали е лево или десно. Морам да ви кажам дека за жал во Македонија има многу малку бизнис а многу политика. Уште пред 12 години барав државата да се занимава исклучиво со она што треба. Инфраструктура, земјоделие и образование и да ја остави бизнис заедницата на мир. Имаме смешно-страшна ситуација, подигнуваме фирми на неверојатно ниво и после ги уништуваме. Ниту една наредна бизнис консталација поддржана од политичка партија не собрала до сега храброст да му каже на постоечкиот бизнис кој е силен дека ќе му го купи бизнисот и ќе продолжи да работи – напротив ќе го уништи до крај, вели Рафајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот