Рафаел Надал во лудо финале до 19. грен слем титула

фото: USOpen

Рафаел Надал во маратонски дуел го совлада Данил Медведев со 3:2 (7:5,6:4,5:7,4:6,6:4) во сетови во финалето на УС Опен и и по 19. пат е грен слем шампион.

Ова е вкупно четврта победа на Шпанецот на терените на Флешинг Медоус, и дојде на само еден триумф од Рожер Федерер како тенисер сдо највеќе грен слем тритули.

Почетокот на финалето не ветуваше неизвесност, Надал поведе со 2:0 во сетови и кога сите мислеа дека работата ќе биде готова во експресни три сета, се разбуди рускиот тенисер.

Борбениот Медведев ги доби нареднитре два сета со 7:5,6:4 и го однесе финалето во решавачки петти сет кој на крајот му припадна на Шпанецот со 6:4. Во решавачкиот сет, Надал направи два брејка за 5:2, но Медведев не се предаваше успеа да врати само еден брејк и немаше сили за пресврт, по што Надал по 2010, 2013, 2017 и годинава го крена шампионскиот пехар на УС Опен.

Маратонското финале траеше четири часа и 50 минути и беше само за четири минути пократно од најголгото финале во историјата на УС ОПен.
– Ова беше една од најемотивните вечери во мојата тениска кариера. Ова беше неверојатно финале и луд меч – изјави Надал по победата.

Со победата во Њујорк, Рафаел Надал дојде до 19 грен слем трофеј во кариерата и на само еден помалку од Рожер Федерер кој е тенисер со највеќе грен слем титули во историјата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот