Рафаел Надал утре се жени! Папараците ја опседнаа Мајорка, местото на венчавката е вистински рај! (ФОТО) – Слободен печат
ЕспресоОстанатoСпортШоу биз

Рафаел Надал утре се жени! Папараците ја опседнаа Мајорка, местото на венчавката е вистински рај! (ФОТО)

На раскошната свадба ќе се соберат повеќе од 500 гости, меѓу кои и Кристијан Роналдо, По Гасол, Енрике Инглезијас, Фелисијано Лопез. 

За утре е закажана венчавката на Рафаел Надал со неговата долгогодишна девојка Марија Франсиска Перело, која шпанските медиуми ја нарекуваат Чиска.

Profimedia

Невестата избрала венчаница во Барселона, а венчавката ќе ја изврши свештеникот Томеу Катала, пријател на семејството Надал.

Шпанските медиуми пренесуваат дека на раскошната свадба на популарниот тенисер ќе се соберат повеќе од 500 гости, меѓу кои и Кристијано Роналдо, По Гасол, Енрике Инглезијас, Фелисијано Лопез. 

EPA/CATI CLADERA

За менито ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кики Дакоста, а Рафа ќе ужива во посебен оброк, базиран на зеленчук, за разлика од останатите гости за кои е планирано традиционално шпанско мени на база на месо и риба.

EPA/CATI CLADERA

На гостите ќе им биде забрането користење на мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи снимање со дронови. Приватните авиони нема да можат да го надлетуваат местото на венчавката за да се спречат обидите на папараците да дојдат до ексклузивни фотографии.

Profimedia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close