Рафаел Надал сигурно ќе настапи на Австралија Опен

Надал планира да настапи на турнирот во Абу Даби кој се игра во декември/ фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе биде подготвен за настап на Австралија Опен, тврди неговиот вујко и поранешен тренер, Тони Надал.

Освојувачот на 20 грен слем титули се опоравува од повредата на стопалото на левата нога поради која предвреме ја заврши сезоната.

Шпанецот веќе тренира во својата академија во Мајрока и веќе најави дека на тениските терени ќе се врати кон средината на идниот месец, на егзибицискиот турнир „Мубадала“ кој се игра во Абу Даби.

– Мислам дека Рафа ќе биде подготвен за настап на Австралија опен. Тој тренира секој ден и верувам дека во декември ќе се врати на полните тренинзи за што подобро да се подготви за грен слем турнирот во Мелбурн – изјави Тони Надал.

Турнирот во Абу Даби треба да се одржи од 16 до 18 декември, додека стартот на Австралија Опен е закажан за 17 јануари идната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот