Рафа Надал со револуционерна идеја за тенисот

EPA-EFE/KIKO HUESCA

За Шпанецот денешниот тенис не е лош, но доколку би се прифатила неговата идеја, овој спорт според него ќе биде уште подобар и со многу тактики.

– Би сакал да го укинат вториот сервис. На тој начин играта ќе биде побрза, нема да се губи време, а сигурно ќе биде и поинтересно – вели Надал.

Експертите наведуваат дека ваквата промена сигурно ќе му биде од корист на Надал, кој е меѓу играчите со најголем процент на реализиран прв сервис – 65,5%.

Надал се подготвува за настапот на вториот Грен слем турнир сезонава, „Ролан Гарос“ каде што ја брани титулата од минатата година.

Прв противник в понеделник во Париз ќе му биде 184. тенисер на светот, квалификантот Јаник Ханфман од Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот