Рафа Надал бил мега-хит и на 16 години! (ВИДЕО)

twitter.com/_Bosantos_

„Кралот на земјата“, Надал по 12 пат го освои Париз за негов вкупно 18 трофеј во неговата богата тениска кариера.

И како помлад Шпанецот бил екстремно популарен, пред да биде најдобриот играч на сите времиња, имал и други приоритети и симпатии.

Во овие денови едно видео во кое е Надал е вистински хит и на 16 години имаше една интересна изјава:

– Најдраг Грен слем не ми е Ролан Гарос, туку Вимблдон. Не сакам да играм на земја, преферирам на трева или во сала – беа зборовите на Надал.

Во изминатиот период објавивме дека шпанскиот великан нема да има никакви активности до стартот на наредниот Грен слем „Вимблдон“.

Освен оваа изјава на 16 години имаше и една голема победа над сегашниот тренер Карлос Моја во 2003 година на турнирот во Хамбург, Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот