РАФА И РОЖЕР БЕЗ КОМЕНТАР: Ова не го очекуваа од Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

фото:твитер

Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер беа гости на „Би-Би-Си“ пред почетокот на Завршниот мастерс во Лондон и во таа прилика зборуваа на различни теми.

– Толку долго сме во професионалниот тенис што понекогаш повеќе ги гледам нив двајца отколку моите родители – помеѓу останатото рече Ѓоковиќ и слатко ги насмеа присутните.

Федерер на сите турнири патува со семејството и децата што знае да биде навистина комплицирано.

– Тоа ми се допаѓа и тоа е единствениот начин и понатаму останам на турнирите. Децата мораат да бидат среќни на патувањата. Имаме четири деца, така што доста сме активни – откри Швајцарецот.

Рафа во брачните води е „свеж“, па поискусните колеги имаа совет за него.

– Што мислиш Новак? – Федерер го праша српскиот тенисер, а овој одговори: „Среќно“.

– Всушност, ќе ми биде потребна среќата – вели Надал со смеа, додавајќи:

– Помислив дека ќе ја завршам кариерата околу 30. година. Сите велат дека ќе имам пократка кариера, но…

На прашање уште колку ќе бидат тројцата активни на тениските терени, следуваше молк, но потоа и одговор на Ноле:

– Мислам дека тоа е прашање…Или сите тројца ќе прекинеме да играме тенис или нема никако. Така изгледа.

Потоа учествуваа во една занимлива игра во која најдобра беше водителката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот